Top Sport

Салах: На полувреме кажавме да одиме да им дадеме што е можно повеќе голови

Мохамед Салах својата фантастична форма ја круниса со неверојатен хет-трик во уште поневеројатниот 0:5 триумф на „Олд Трафорд“ против најстариот ривал, Манчестер јунајтед, и признава дека на полувреме тој и неговите соиграчи се согласиле дека е најдобро по 0:4 водството да излезат и да се обидат да дадат уште повеќе голови.

„Мислам дека е прекрасно да се дојде и да се победи 5:0 тука, знаевме дека ќе биде тешко ако не ја играме нашата игра. Го игравме нашиот фудбал и создадовме многу шанси и имавме среќа да стигнеме до голот. Додека тимот победува јас сум среќен. Првиот гол му го дадов на Наби Кеита, бидејќи знаеме што е потребно да се освои титулата. Голема победа, но се бројат само три поени. На полувремето во соблекувалната зборувавме дека само треба да продолжиме и да дадеме што е можно повеќе голови“, вели Салах за „Скај спортс“.

Салах и Ливерпул го посрамотија Јунајтед – ќе ja преживее ли Солскјер „кланицата“

Scroll to Top