Жоржињо Вајналдум, 29 годишниот холандски репрезентативец, нема да го напушти Ливерпул. Вајналдум решил да ги започне преговорите со Ливерпул околу новиот договор по разговорот што го имал со менаџерот Јирген Клоп.
Вајналдум изминатите денови се поврзуваше со трансфер во Барселона, на чија клупа минатиот месец седна неговиот поранешен селектор Роналд Куман.
Договорот на Вајналдум истекува наредното лето, поради што Барселона се обиде за мали пари да го донесе фудбалерот на „Ноу Камп“.
Сепак Клоп успеал да го убеди дека неговата иднина е во црвениот дрес.
Вајналдум во кариерата има одиграно 187 натпревари за Ливерпул, на кои постигнал 19 голови. Со „црвените“ има титула во Лигата на шампионите и Премиер лигата.