Барселона под водство на Роналд Куман ќе изгледа поинаков фудбал. Холанѓанецот, барем така тврдат медиумите во Шпанија, ќе го смени системот што го практикуваа неговите претходници Ернесто Валверде и Кике Сетиен.
Куман наводно ќе играл во формација 4-2.3-1, во која ќе нема место за Серхио Бустекс. Исто така Куман планира Гризман да игра како класична деветка.
Двајцата кои ќе ја градат играта ќе бидат Де Јонг и Пјаниќ, додека на крилните позиции се очекуваат Дембеле и Фати.
Кумане нема намера да ја менува четворката во одбраната. Според него за лошите резултати минатата сезона не биле виновни дефанзивците.
Шпанците вака ја „гледаат“ Барселона на Куман.
Тер Штеген – Семедо, Пике, Ленгле, Џорди Алба – Пјаниќ, Де Јонг – Меси, Дембеле, Фати – Гризман.