Top Sport

Куман: Меси е минато, а од тоа не се живее!

Тренерот на Барселона, Роналд Куман вели дека клубот не треба да драматизира по заминувањето на Лионел Меси од Каталонија. Аргентинскиот ас 21 сезона помина во Барса, а Куман на клупата на клубот од „Камп Ноу“ е само една сезона.

„Го нема Меси повеќе, но имаме други играчи кои го прават составот силен. Имаме јак тим кој може да освои важни трофеи. Од утре нема веќе изговори, почнуваат мечеви каде се земаат бодови. Имавме добра претсезона, Лео не беше со нас. Убеден сум дека луѓето ќе уживаат во игрите на овој тим“ порача Куман.

Тој им се заблагодари на Жерар Пике, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Серхио Роберто посебно поради тоа што се откажаа од дел од платите за да се растовари буџетот на клубот.

„Не можеме да живееме во минатото. Луѓето менуваат тимови и постојат млади луѓе кои имаат иднина и поради нив сум возбуден. Се надевам дека ќе ја имаме поддршката од Каталонците. Меси е минато, а од тоа не се живее, мора да живееме денес и утре, да работиме напорно“ порача Куман.

Барселона мечот од првото коло од новата сезона во Ла Лига го игра утре од 15 часот против Реал Сосиедад на „Камп Ноу“.

Scroll to Top