Top Sport

Куман му кажал на Лапорта: Со овие играчи ова е максимум

Иако многумина веруваат дека неговото време на клупата на Барселона е пред истекување, Роналд Куман продолжува да се брани по неубедливите резултати на каталонскиот клуб, оценувајќи дека ова е максимумот што може да се постигне со фудбалерите кои му се достапни.

По 3:0 поразот од Бенфика, следуваше и 2:0 поразот од Атлетико Мадрид, но холандската легенда на клубот смета дека тоа само ја отсликува реалноста на клубот.

„Со овие фудбалери е тоа. Не можете да барате повеќе од мене“, му порачал Куман на претседателот Жоан Лапорта, тврди ТВ каналот „Ла портерија“.

Ова не е првпат 58-годишниот тренер да ги обвини своите играчи за слабата форма, откако по поразот од Атлетико се реши да го критикува младиот Нико Гонзалез. По поразот од Бенфика, пак, шпанските медиуми тврдат дека било бурно пред мечот, кога Куман решил да ја смени тактиката неколку минути пред стартот.

Scroll to Top