Top Sport

Спалети открива: Ја „украдовме“ тактиката за слободни од Дортмунд

Тренерот на Наполи, Лучано Спалети призна дека неговиот тренерски тим ја „украл“ тактиката а изведување од Борусија Дортмунд, а видеото кое покажува два слободни удари на двата клуба покажува дека неговите играчи одлично го извежбале методот.

Со ваков гол тие стигнаа до 2:1 победа на „Артемио Франки“ против Фиорентина – Пјотр Зиелински се преправаше дека „бега“ од слободниот удар, оставајќи го левучарот Лоренцо Инсиње на позицијата. Меѓутоа, тој се врати на позиција за бргу да го изведе со левата нога пронаоѓајќи го Арим Рахмани во шестнаесетникот.

„Борусија Дортмунд користеа нешто слично и нашите аналитичари на мечеви ми го покажаа. Се работи за могу лесна техника. Може да се користи со некој што шутира со десната нога од другата страна на теренот“, изјави Спалети.

Scroll to Top