Top Sport

Куман не е задоволен од минималната победа

Барселона ја забележа првата победа и го постигна првиот гол оваа сезона во Лигата на шампионите. Барселона со 1:0 го победи Динамо Киев, единствениот гол го постигна Џерар Пике.

Победата на Барселона можеше да биде изразена и со повеќе голови разлика, доколку своите шанси ги реализираа Лукд Де Јонг, Ансу Фати и Фелипе Кутињо.

„Не смееме така да играме пред голот на противникот. Ризикувавме многу, среќа што одбраната беше перфектна. Моравме порано да го решиме победникот. Требаше да победиме со 3:0 или 4:0. Не бевме доволно добри, да бевме ќе добиевме со три или четири гола разлика“, рекол тренерот на Барселона , Роналд Куман.

Scroll to Top