Реал Мадрид и ВАР, во неделата, ја кренаа Барселона на нозе. Причина е спорниот детал од 81.минута, кога топката го погоди во раката Серхио Рамос по ударот на фудбалерот на Еибар, Муто.
Во тој момент резултатот беше 1:2. Домашните фудбалери, исто како и цела Каталонија, останаа во шок кога главниот судија од ВАр-собата добил информација дека немало ништо спорно во интервенцијата на Рамос.
Од Барселона велат дека дуелот со Еибар е уште еден показател дека Реал е фаворизиран кај судиите. Сигурни се дека доколку спорната ситуација се случена на спротивната страна дека Реал ќе добиеле пенал.
„Не ми е јасен критериумот во ВАР-собата. Навистина тоа се работи што не можам да ги разберам. Девет од десет луѓе ќе ви кажат дека тоа беше пенал. Сепак судијата и ВАР одлучија дека нема пенал“, рекол тренерот на Барселона, Роналд Куман.