Top Sport

Манчестер јунајтед испратиле понуда до Алаба

Манчестер јунајтед испратиле официјална понуда до менаџерот на фудбалерот на Баерн Минхен, Давид Алаба.Австриецот нема да го продолжи договорот со Баерн, кој истекува на крајот од сезоната, што значи дека од 1.јануари може да преговара со други клубови.

Манчестер јунајтед, први од заинтересираните тимови за услугите на Алаба, испратиле понуда до неговиот менаџер Пини Захави. Финансиските детали не се објавени.

Покрај Манчестер јунајтед, за Алаба се интересираат Челси, Реал Мадрид, Барселона, ПСЖ и Јувентус.

Баерн се повлекоа од преговорите со фудбалерот, поради неговите финансиски барања. Алаба бара годишна плата од 25 милиони евра.

Алаба е во Баерн од 2009 година, досега одиграл 404 натпревари, постигнал 32 гола.

Scroll to Top