Top Sport

Куман: Нема никаков проблем помеѓу Меси и Гризман

Барселона, утре, во дербито ќе гостува кај Атлетико Мадрид. Тренерот на барселона, во пресрет на овој натпревар, одржа прес конференција.

„Знаеме дека играме против силен тим. Мора да се истакне одличната работа што ја врши Симеоне во текот на сите овие години. Има конкурентен тим. Ќе им недостигаат неколку играчи, но и ние нема да бидеме комплетни. Се надевам дека ќе гледате одличен меч“, рекол Куман, а потоа проговорил и за пишувањата на медиумите, за односот помеѓу Меси и Гризман.

„Го разбирам Меси. Мислам таквите луѓе треба многу повеќе да бидат почитувани. Непочитување е што по долгиот лет, новинарите го пречекаа со прашање за Гризман. Меѓу нив двајца нема никакви проблеми.“

Дали мислите дека Меси ќе ја напушти Барселона?

„Не и на такви прашања повеќе нема да одоговарам.“

Куман се пожалил на терминот во кој ќе се игра натпреварот. Дербито ќе започне во 21 часот.

„Јасно ми е дека тој термин е најдобра за дерби-дуел, за навивачите, за луѓето пред ТВ-екраните, но не е добра за екипите кои играат потоа во вторник или среда. Поради тоа мислам дека треба да играме порано“, заклучил тренерот на Барселона.

Куман за дербито нема да може да смета на Серхио Бутскетс и Ансу Фати.

Scroll to Top