Top Sport

Куман открил детали од првиот состанок со Меси

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, признал дека по доаѓањето во клубот имал разговор во „четири очи“ со Лионел Меси. Неколку денови пред Куман да пристигна во Барселона, Меси побара трансфер.

„Кога дојдов во клубот ми кажаа дека Меси не е среќен“, рекол Куман за „Спорт“ и продолжил.

„Разговаравме во неговиот дом. Ги кажа своите причини, а јас бев искрен и му реков дека едиинственото што можам да го направам е да го сменам стилот на играта, неговата положба на теренот, неговата важност во тимот. Но, тоа што го имаше со клубот, тоа не можев да го сменам“.

На крајот од сагата Меси остана во Барселона, а од клубот замина претседателот Џозеп Марија Бартомеу.

„Меси покажа дека сака да победува, да биде најдобар во светот, иако имаше проблем со клубот“, рекол Куман.

Меси оваа сезона има постигнато три гола на седумте одиграни натпревари во Ла Лига.

Scroll to Top