Роналд Куман вчера ја презеде Барселона. Холанѓанецот со клубот од „Ноу Камп“ договорил две годишна соработка.
Шпанските медиуми тврдат дека побарал од клупските челници да му го донесат сонародникот од Ливерпул Жоржињо Вајналдум. Куман ги знае квалитетите на овој фудбалер кого го тренираше две години во холандската репрезентација.
Вајналдум (29) сезонава влегува во последната година од договорот што го има со Ливерпул. Според „Трансфермарк“, пазарната вредност на Вајналдум е 40 милиони евра.