Роналд Куман пристигна на аеродромот Ел Прат во Барселона, каде што се очекува во наредните денови да биде потврден како нов тренер на каталонскиот гигант по отпуштањето на Кике Сетиен во понеделникот.
57-годишниот Холанѓанец, кој играше за Барселона од 1989 до 1995 година и го постигна победничкиот гол за Европскиот куп во 1992 година, во минатото беше тренер на Ајакс, Бенфика, ПСВ Ајндховен, Саутемптон и Евертон, а сега ќе го напушти селекторското место во холандската репрезентација.
Во Барселона го очекува тежок предизвик за градење на нов тим по 8:2 поразот од Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а доаѓа во време не големи промени во клубот, откако денеска беше отпуштен спортскиот директор Ерик Абидал, а во март 2021 година ќе се оддржат избори за нов претседател на клубот.
?? ÚLTIMA HORA | Ronald Koeman ya está en Barcelona
? @victor_nahe pic.twitter.com/s7mIgZJ6Ya
— El Partidazo de COPE (@partidazocope) August 18, 2020