Top Sport

Куман за Лапорта: Носи добри вибрации, им дава самодоверба на тренерите

Фудбалерите на Барселона утре се пред речиси невозможен предизвик – на „Паркот на принцовите“ во Париз против ПСЖ ќе се обидат да го анулираат домашниот пораз од „светците“ од 4-1.

Изминатиот викенд клубот од „Ноу Камп“ го доби новиот претседател, Жоан Лапорта кој со 54% од гласовите триумфираше пред останатите кандидати за оваа позиција.

Многумина сметаат дека со ова Лионел Меси речиси сигурно ќе остане во Каталонија, а својот став околу изборот на Лапорта на претседателската функција имаше и тренерот на Барса, Роналд Куман.

„Лапорта има историја во односите со Меси и со останатите во клубот, но само Лео знае што сака. Сите ние сакаме тој да остане со нас, за клубот е добро да има претседател како Лапорта. Тој им дава на тренерите многу самодоверба, но кај него резултатите се првото мерило. Тоа е и нормално. Неговата посета на нашиот тренинг помина добро, рече неколку збора во соблекувалната, тој носи добри вибрации. Сега останува на нас сето тоа да го пренесеме на терен“ рече Куман.

Реванш мечот од осминафиналето во ЛШ меѓу ПСЖ и Барселона се игра утре од 21 часот во Париз.

Scroll to Top