Top Sport

Наполи ја „ремонтира“ одбраната, си одат Кулибали, Максимовиќ, Хисај?

Италијански Наполи е подготвен наредното лето да ја „реновира“ дефанзивната линија во тимот, пренесува „Кориере дело Спорт“.

Според информациите, тоа практично ќе значи и заминување на стоперот Калиду Кулибали, но и Никола Максимовиќ и Елсед Хисај.

Претседателот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис судејќи по се Кулибали веројатно ќе го продаде за половина цена од претходно бараните 100 милиони евра, а сега како најсериозен кандидат се споменува Баерн Минхен.

Од лето Максимовиќ и Хисај се слободни играчи, па иако Србинот има желба да остане на „Диего Марадона“ стадионот, сепак од клубот не се согласни да ги исполнат неговите услови.

Стоперот сезонава има 24 настапи во сите натпреварувања, а во последниот период за неговите услуги се заинтересирани клубови од Премиерлигата.

Scroll to Top