Top Sport

Куман загрижен за ситуацијата со Меси

Роналд Куман е загрижен бидејќи Лионел Меси се уште нема договор со Барселона. Верува дека, претседателот, Жоан Лапорта, во најкус рок ќе ја реши ситуацијата.

„Кога ситуацијата не е решена, тогаш морате да бидете загрижени“, рекол Куман.

„Му верувам на претседателот и сигурен сум дека се ќе се реши. За клубот и за Ла Лига е важно најдобриот играч да остане. Сите мораме да се потрудиме тој да остане со нас“.

Меси од 1.јули е слободен играч. Не е познато дали договорил нова соработка со Барселона. Клубот има проблеми со селери капот, мора да го намали буџетот за 200 милиони евра, за да може да ги регистрира новите фудбалери, меѓу кое е и Меси, доколку потпише нов договор.

Scroll to Top