Top Sport

Куња доби договор до 2029 година

Матеус Куња потпиша нов договор со англискиот премиерлигаш Вулверхемптон Вондерерс.

Брилијантниот Бразилец доби нов договор само неколку часа откако постигна гол во победата од 2:0 против Астон Вила во Премиер лигата.

Во текот на јануари се зборуваше дека напаѓачот би можел да го напушти клубот, но тие гласини сега се демантирани. Куња е еден од клучните играчи во борбата за опстанок.

Матеус пристигна во Волвс во 2023 година од Атлетико Мадрид. Досега одигра 54 натпревари и постигна 22 гола.

Scroll to Top