Top Sport

Кунде го продолжи договорот со Барселона

Францускиот дефанзивец Жил Кунде (26) го продолжи договорот со Барселона до 30 јуни 2030 година, објави каталонскиот клуб.

Финансиските детали не се откриени, а во соопштението за медиумите се наведува дека покрај Кунде, на церемонијата за продолжување на договорот присуствувале и претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, првиот потпретседател Рафа Јусте, спортскиот директор Деко, координаторот Бојан Кркиќ…

Кунде беше еден од најважните играчи во тимот на Ханси Флик минатата сезона, бидејќи имаше 53 настапи во сите натпреварувања, постигна и четири гола со осум асистенции.

Французинот е член на Барселона од 2022 година, а пред тоа играше за Севилја и Бордо. Одигра 142 натпревари за каталонскиот клуб и постигна седум гола.

Одигра 42 натпревари за француската репрезентација.

Foto/ EPA

Scroll to Top