Top Sport

Кунде ја одбил Барселона, ја прифатил понудата од Челси

Францускиот репрезентативец, Жил Кунде, одбил да се пресели во Барселона. Планот на Кунде, како што објавија англиските медиуми е да го облече дресот на Челси.

Кунде и минатото лето водеше интензивни преговори со Челси. Трафсферот пропадна откако клубовите не можеа да ја договорат оштетата. Челси нудеа 50.000.000 евра, Севилја инсистираше да биде платена откупната клаузула од 70.000.000 евра.

Барселона, се обиде, но не успеа да им ги расипе плановите на Челси. Англичаните тврдат дека директорката Марина Грановскаја, му ветила на Кунде, дека по завршувањето на сезоната ќе биде реализиран неговиот трансфер.

Десната рака на газадата на клубот, реагирала веднаш откако на сите во клубот им станало јасно дека Челси, по завршувањето на сезоната ќе остане без Андреас Кристенсен и Антонио Ридигер. Овие двајца не успеаја да се договорат со клубот околу новите договори, тие како слободни играчи ќе го напуштат „Стенфорд Бриџ“.

Scroll to Top