Вердер Бремен успеа да направи подвиг и да ја елиминира Борусија Дортмунд од осминафиналето на германскиот ДФБ куп, откако по драматичните 120 минути во кои се постигнаа четири гола во продолжението, беше подобар во пеналите со 4:3.
Бремен дојде во водство уште во петтата минута од мечот на „Вестфален“, кога Косовецот Милот Рашица го пренасочи слободниот удар на Крузе за шок на домашните навивачи. Марко Ројс ја врати рамнотежата кога во финишот на првото полувреме постигна спектакуларен гол од слободен удар.
Ова беше резултатот по регуларните 90 минути, по што следуваше драмата во продолженијата. Кристијан Пулишиќ, Американецот кој од лето ќе е фудбалер на Челси, во 105. минута постигна гол за водство на „милионерите“ по една убава двојна акција со Пако Алкасер, но само три минути подоцна ветеранот Клаудио Пизаро од помалку сомнителна ситуација израмни на 2:2.
Домаќините повторно дојдоа во водство во 113. минута преку Ашраф Хакими, но Вердер пак одговори, преку Мартин Харник во 119. минута откако беше највисок во скокот по еден корнер.
Пенал-серијата тргна ужасно за Борусија, откако ударите на Пако и Максимилијан Филип завршија во рацете на фантастичниот чешки голман Јиржи Павленка, а потоа четири фудбалери на Вердер во низа беа прецизни.
ПЕНАЛИ