Црвена звезда и Партизан ќе се сретнат во финалето на Купот на Србија откако го минаа полуфиналето и покрај нерешените мечеви во вторите натпревари.
Звезда одигра 0:0 на гостувањето кај Младост Лучани, но имаше 4:1 предност од првиот меч, додека Партизан одигра 1:1 кај Раднички Ниш по 1:0 победата во Белград.
Шахтјор Доњецк пак, е шампион во Украинскиот куп, по лесната 4:0 победа над второлигашот Инхулец Петрова.
Во финалето на Рускиот куп ќе играат Локомотив Москва и Урал Екатеринбург. Локомотив победи кај Ростов со 2:0 по првиот домашен меч (2:2), додека Урал одигра 2:2 на гостувањето кај Арсенал Тула откако дома победи со 1:0.