Top Sport

Куп-среда: Звезда и Партизан во финална пресметка, Шахтјор доминантен, Урал ќе игра за рускиот куп! (видео)

Црвена звезда и Партизан ќе се сретнат во финалето на Купот на Србија откако го минаа полуфиналето и покрај нерешените мечеви во вторите натпревари.

Звезда одигра 0:0 на гостувањето кај Младост Лучани, но имаше 4:1 предност од првиот меч, додека Партизан одигра 1:1 кај Раднички Ниш по 1:0 победата во Белград.

Шахтјор Доњецк пак, е шампион во Украинскиот куп, по лесната 4:0 победа над второлигашот Инхулец Петрова.

Во финалето на Рускиот куп ќе играат Локомотив Москва и Урал Екатеринбург. Локомотив победи кај Ростов со 2:0 по првиот домашен меч (2:2), додека Урал одигра 2:2 на гостувањето кај Арсенал Тула откако дома победи со 1:0.

Scroll to Top