Top Sport

Курдскиот тим од соништата влезе во шведската прва лига

Голот на Равез Лаван во претпоследниот меч од сезоната во шведската втора лига на Далкурд против ГАИС, беше знак за славје на милиони Курди низ целиот свет, откако исклучителниот тим влезе во првата лига само 13 години по своето основање.

Далкурд, тим формиран од курдски имигранти во градчето Борланге во областа Даларна, клубот има 1.5 милиони следбеници на Фејсбук бидејќи сите Курди низ светот го сметаат за де-факто национален тим.

„Навистина неверојатно. Би сакал секоја личност на светот да се чувствува како мене во овој момент“, изјави Лаван.

Далкурд влезе во елитата по тесната битка со Бромапојкарна, тим кој ги совлада со 1:0 во Стокхолм во вторникот за да обезбеди влез во Алсвенскан лигата. Тоа значеше дека на Далкурд им беше доволен поен против ГАИС на „Домнарсвален“ стадионот, но тимот победи со голот на Лаван во 59. минута.

„Сите се среќни. Ми се јави една моја тетка со која зборуваме секоја недела, но никогаш за фудбалот. Сега ми кажа дека го видела голот и дека сите се среќни“, изјави 30-годишниот Лаван.

Scroll to Top