Top Sport

Курт Зума има забранет влез во куќата на Погба

Пол Погба и Курт Зума можеби се колеги од француската репрезентација, но играчот од средниот ред на Манчестер јунајтед уште еднаш ја покажа својата конкурентност откако му даде „забрана“ за влез на Зума во неговиот дом.

Според дефанзивецот на Челси, кој оваа сезона е позајмен играч во Стоук, причината е неверојатна.

„Погба навистина не сака да губи кога играме карти. Како ‘уно’, навистина мрази да губи. Пол е истиот од претходно и воопшто не е сменет. Пред некој ден бев во неговиот дом и го победив и толку многу се налути што ми кажа веќе да не доаѓам во неговата куќа. Се обидов да го разубедам и да му објаснам дека се работи само за игра, но тој беше смртно сериозен“, вели Зума во интервју за „Гол“.

Scroll to Top