Тибо Куртоа беше претставен како нов голман на Реал Мадрид пред околу 2.000 фанови на „Сантијаго Бернабеу“, по што изјави дека ова е остварување на неговиот сон од детството, за да го бакне грбот на дресот и да признае дека никогаш не го направил тоа.
„Денеска го остварувам сонот од детството и сите кои ме познаваат знаат дека направив сè за да дојдам тука. Сакам да се заблагодарам на Реал Мадрид за тоа што ме донесоа и ми го остварија сонот. Ова е најдобриот клуб на светот. Јас сум Мадридиста и сакам да кажам ’Хала Мадрид’. Имав и други понуди, некои подобри економски за мене, но кога слушнав дека има интерес од Мадрид, немав сомнеж каде сакам да завршам“, изјави Куртоа, менувајќи ја приказната пред фановите на Челси на кои им изјавуваше дека сака трансфер само за да биде поблиску до своите две деца, кои живеат со нивната мајка во Шпанија.
Куртоа исто така изјави дека имал само еден голман кој го почитувал во кариерата.
„Секогаш бев фасциниран од Реал Мадрид поради Икер Касилјас. Тој ми беше омилениот фудбалер во моето детство. Тој имаше неверојатни рефлекси“, додава Куртоа.
Thibaut Courtois kisses the Real Madrid badge at the Bernabeu.
How you feeling, Chelsea and Atletico fans? pic.twitter.com/H6MDBL4ptv
— ESPN FC (@ESPNFC) August 9, 2018