Top Sport

Куртоа и Валверде ќе ја пропуштат Осасуна

Реал Мадрид вчера ја победи Барселона со 2:1. Тимот на Карло Анчелоти во среда ќе игра против Осасуна, без Тио Куртоа и Феде Валверде. Двајцата се повредија во текот на натпреварот против Барселона.

Куртоа, го повреди коленото, во обид да исфрли една топка од пред својот гол. Медицинскиот тим на Реал се уште не објавил колку ќе отсуствува Белгиецот.

Повреда на коленото дживеа и Валверде. Уругваецот влезе како замена во второто полувреме, но по 20 минути мораше да биде заменет.

Поради оваа повреда Валверде ќе отсуствува најмалку десет дена.

Scroll to Top