Top Sport

Невидено голчиште во холандската лига

Белгискиот талент Сирил Нгонге го постигна убедливо најдобриот гол овој викенд, откако даде неверојатен „шкорпионски“ гол за неговите Гронинген во мечот со АЗ Алкмар во неделата.

На 0:0 во првото полувреме, У-21 репрезентативецот на Белгија  упати удар кој го остави голманот на Алкмар, Петер Виндал Јенсен без решение. Реакцијата на неговиот соиграч Михаел де Лев кажува многу.

„ЕСПН Холандија“ со право го предложи голот за Пушкаш наградата на ФИФА за најдобар гол во 2021 година.

Scroll to Top