Top Sport

Сампаоли го презеде Атлетико Минеиро

Поранешниот селектор на Аргентина Хорхе Сампаоли ќе го предводи Атлетико Минеиро, соопшти прес-службата на клубот од Бело Хоризонте без да објави детали од договорот.

Последен клуб во кој работеше Сампаоли беше Сантос. Во 2019 година Сантос завршија на второто место во бразилската Серија А.

Претходно бил селектор на Чиле и Аргентина, са работел и во Севилја и во уште неколку други екипи во Јужна Америка.

Минатата година Атлетико Минеиро смени тројца тренери. Годината ја започна Левир Кулпи, него го замени Родриго Сантана, а него го наследи Вагнер Манчини.

Во 2020 година Атлетико Минеиро како привремено решение на тренерската позиција го назначија Рафаел Дудамел.

Минатата сезона Атлетико ја завршија на 13 место во Серија А со освоени 48 поени, дури 42 помалку од шампионот Фламенго.

Scroll to Top