Голманот на Реал Мадрид и на белгиската репрезентација, Тибо Куртоа летниот одмор го искористи да оди на „меден“ месец на Бора Бора со неговата нова сопруга, манекенката Мишел Герциг.
Куртоа и Герциг се во врска од летото 2021 година, за една година подоцна голманот да ја побара манекенката за сопруга, за ова лето да го искористи за сваадба и летувње на островот во Пацификот.
31-годишниот Куртоа веќе има две деца со својата поранешна партнерка Марта Домингез, седумгодишната ќерка Адријана и петгодишниот син Николас.
View this post on Instagram