Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го критикуваше настапот на своите соиграчи откако актуелниот шампион во Лигата на шампионите заслужено беше исфрлен од Арсенал со вкупни 5:1.
Куртоа во овие два натпревари беше еден од ретките играчи на реал кои беа на вистинското ниво. особено беше добар на натпреварот во Лондон и покрај тоа што прими три гола имаше четири брилијантни интервенции, а синоќа во 12.минута гоодбрани пеналот на Букајо Сака.
Во изјава за шпанските медиуми по натпреварот, белгискиот голман рече: „На полувремето чувствувавме дека се ќе биде отворено, доколку први постигнеме гол, но на крајот тие го постигнаа првиот гол, брзо одговоривме, продолживме да веруваме, но не бевме конкретни во нападот. Мислам дека Раја не мораше да спасува сериозни шанси. Загубивме, Арсенал беа подобри и мораме да го прифатиме тоа“, рече Куртоа и дополни.
„На крајот на денот, тие се тим кој добро се брани, организирани се, вршат добар притисок и тешко се наоѓа простор. Уфрливме многу топки, но оваа година го немаме Хоселу, класичен напаѓач во шеснаесетникот. Мора внимателно да анализираме што можеме да подобриме. Имаме уште многу натпревари пред нас, борба за титулата во лигата, финалето на Купот за десет дена и потоа Светското клупско првенство“.