Голманот на Реал Мадрид, Белгиецот Тибо Куртоа, изјави дека сака да го продолжи договорот со „кралскиот клуб“.
Куртоа (33) има договор со Реал Мадрид до 30 јуни 2026 година. Белгискиот голман призна дека преговара со раководството на мадридскиот клуб во врска со продолжување на соработката.
„Би сакал да го продолжам договорот. Многу сум среќен во Реал Мадрид. На располагање сум на клубот, тие знаат дека сакам да останам тука… Се надевам дека ќе ја завршам кариерата во Реал Мадрид. Сега е време да се докажам на теренот, а останатото лесно ќе го решиме“, изјави голманот на Реал Мадрид за „Диарио“.
Куртоа пристигна во Реал Мадрид во 2018 година од Челзи, досега настапил во 283 натпревари за мадридскиот клуб. Тој моментално игра со Реал Мадрид на Светското клупско првенство.