Курва Норд, најпознатата навивачка група на Интер преку соопштение објаснија дека не заборавиле на „предавството“ на Ромелу Лукаку со трансферот во Челси минатата сезона, по најавите дека Белгиецот ќе се врати на „Сан Сиро“.
Челси лани платија 115 милиони евра да го добијат Лукаку, кој само што го освои скудетото, и навивачите на Интер објаснија ека 12 месеци подоцна, решија да објаснат „некои работи“.
„По веројатното пристигнување на Лукаку во Интер, би сакале некои работи да се јасни:
– Курва ќе го поддржува Интер и нема да го свирка фудбалерот (и покрај неговото однесување лани),
– Никој нема да го пречека со шалови и банери.
– Што и да се случи во иднината ќе мора да биде заработено на теренот со скромности пот.
Тој беше поддржуван и третиран како крал, а сега е само еден фудбалер. Сакаме да кажеме дека нема да навиваме против Лукаку ако го носи дресот на Интер“, се вели во соопштението на навивачите.
View this post on Instagram