Top Sport

Кутињо: Барселона сега е во минатото

Филипе Кутињо како да сакаше што е можно побргу да избега од „Ноу Камп“, откако на презентацијата како нов фудбалер на Баерн Минхен проговори за своите неславни година и пол во Каталонија.

Бразилецот беше донесен како огромно засилување на Барселона во јануари 2018 година од Ливерпул за 160 милиони евра, но честопати беше на мета на навивачите, откако по осумте гола во првите 18 меча во Ла лига, лани одигра само 22 меча како стартер. Тој признава дека работите не одеа како што треба во Барселона.

„Работите не се остварија како што очекувавме, но Барселона сега е во минатото. Ова е нов клуб, голем и важен клуб и се надевам дека ќе бидам тука долго време и ќе освојам многу титули. Сепак, искуството небеше лошо во Барселона. Научив многу во тој клуб и потоа ја освоив Копа Америка со Бразил што беше многу важно за мене“, вели Кутињо.

Тој додава дека спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ е најзаслужен за трансферот.

„Воопшто не се сомневав кога ми се јави Хасан. Тој навистина сакаше да дојдам во Баерн, дојде во Барселона ми го покажа проектот и од првата секунда беше јасно каде ме гледаат“, вели Кутињо, кој може да дебитира за Баерн веќе во сабота на гости кај Шалке.

Scroll to Top