Top Sport

Кутињо дебитираше, Барса се одмазди за полуфинале (видео)

Барселона ја избегна судбината на Реал Мадрид и се пласираше во полуфиналето на Копа дел Реј, откако во каталонското дерби ги совлада Еспањол со 2:0 и ја надополни негативата од првиот натпревар, во кој градскиот ривал им го нанесе единствениот пораз оваа сезона.

Мечот исто така беше значаен за тимот на Барселона по дебито на новиот број 14 во тимот, засилувањето од Ливерпул, Филип Кутињо, кој во 63. минута го замени Иниеста, кога резултатот веќе беше одреден.

Луис Суарез во деветтата минута и Лионел Меси во 25. минута постигнаа голови за Блауграна за релативно лесен пат во полуфиналето на Кралскиот куп.

Scroll to Top