Роналд Куман смета на услугите на Фелипе Кутињо во наредната сезона. Бразилецот кој како позајмен играч со Баерн ја освои Лигата на шампионите, по завршувањето на сезоната се врати на „Ноу Камп“.
Куман реши да му пружи шанса на Бразилецот, откако на сите во Барселона им стана јасно дека никој нема да понуди за него најмалку 100.000.000 евра.
Останувањето на Кутињо значи дека Барселона на Ливерпул, по завршувањето на сезоната која во Шпанија ќе започне на 26 септември, ќе мора да им исплати 5.000.000.
Таква клаузула има Бразилецот во договорот доколку одигра најмалку 15 натпревари. Кутињо ќе дојде до оваа бројка бидејќи клубовите во сезоната 2020/2021 ќе се соочат со густ распоред, најчесто на секои три до четири дена ќе играат натпревар.
Кутињо досега во кариерата одиграл 76 натпревари за Барселона.