Top Sport

Кутињо ќе остане во Барселона

Бразилецот Фелипе Кутињо ќе остане во Барселона, пишуваа водечките каталонски медиуми. Кутињо во јануари 2018 година од Ливерпул се пресели на „Ноу Камп“. Барселона за неговиот трансфер плати 160 милиони евра.

Медиумите најчесто се занимаваа со иднината на Кутињо, пишуваа дека е незадоволен од минутите што ги добива и дека би можел да замине.

Не е тајна дека Барселона сака да го продаде, но од клубот велат дека никој не испратил официјална понуда.

Минатиот месец Кутињо рекол дека има договор со Барслеона, дека сака да се докаже во клубот и дека не знае што ќе се случи до крајот на преодниот рок.

Барселона има желба да ги продаде Кутињо и Ракитиќ за да собере пари за трансферот на Нејмар.

Scroll to Top