Top Sport

Доби 100 милиони причини да остане во Портланд

Откако со максимален договор го задржаа Демијен Лилард, Портланд Трејлблезерс истото го направија и со вториот член на моќната бековска двојка, Си-Џеј Мекалум.

Мдекалум на активниот договор што го има со франшизата и кој истекува за три години, додаде уште еден договор на уште три сезони, за кои ќе добие 100 милиони долари.

Сметајќи го и актуелниот договор, Мекалум во наредните пет сезони од Портланд ќе добие 157 милиони долари.

Минатата сезона, Мекалум ја заврши со просек од 21,6 поени по натпревар. Со Портланд играше и во финалето во Западната конференција. Во плеј-офот просекот на Мекалум бил 25,8 поени по натпревар.

Scroll to Top