Top Sport

Кутињо: Не ме изненадува што Ливерпул „летаат“, но не жалам што не сум таму

Филипе Кутињо вели дека не е изненаден што неговиот поранешен клуб Ливерпул, „летаат“ оваа сезона, но инсистира дека не жали што си заминал од „Енфилд“.

27-годишниот Бразилец направи голем трансфер во Барселона во јануари 2018 по пет години во Премиер лигата, по што се мачеше за место во првиот тим на Барса, и оваа сезона беше пратен на позајмица во Баерн Минхен.

Иако се веруваше дека Јирген Клоп нема да го замени талентираниот Бразилец, Ливерпул лани ја освоија титулата од Лигата на шампионите, а оваа година се на чекор до прв трофеј од Премиер лигата по 30 години.

„Ливерпул ’летаат’ и тоа не ме изненадува. Тоа се забележуваше и лани во Лигата на шампионите – тие имаат фантастичен тим и менаџер. Среќен сум за нив, бидејќи имам многу пријатели таму, но тоа е сè. Не гледам наназад. Отидов на друг пат и сега сум таму и фокусиран сум на остварување на моите соништа. Среќен сум од минатото, но гледам напред“, вели Кутињо во интервју за „Спортс илустрејтед“.

Баерн се на првото место во Бундеслигата и ги очекува дуел од осминафиналето од ЛШ против Челси.

„Веруваме дека можеме да победиме насекаде. Лигата на шампионите е многу тешко натпреварување, но и наградата е голема“, вели Кутињо.

Scroll to Top