Top Sport

Барса ќе добијат дозвола за трансфер како замена за Дембеле?

Барселона најверојатно ќе добие дозвола од Шпанската фудбалска федерација (РФЕФ) да потпише договор со напаѓач надвор од преодниот рок, откако се потврди дека Усман Дембеле ќе го пропушти остатокот од сезоната поради повреда.

Шампионот на Шпанија не донесе напаѓач како замена за повредениот Луис Суарез, а сега по повредата на 22-годишниот Дембеле по која тој замина на операција, се верува дека тој ќе може да се врати на терените за 6 месеци. Ова е неверојатна деветта повреда на Французинот од пристигнувањето од Борусија Дортмунд во 2017 за 125 милиони евра и оттогаш тој има само 74 настапи за Блауграна.

Бидејќи Дембеле е во аут повеќе од пет месеци, РФЕФ може да дозволи трансфер, но само со фудбалер кој веќе е регистриран со шпански клуб или некој кој нема клуб, а Барса ќе потроши околу 12 милиони евра на ова.

Вилијан Жозе од Реал Сосиедад и Лукас Перез од Алавес се сметаат како први фаворити, но не се верува дека двата клуба би се согласиле на трансфер за толку ниска сума.

Scroll to Top