Филипе Кутињо нема да се врати на фудбалските терени во блиска иднина и покрај тоа што Бундеслигата треба да се рестартира следниот викенд.
Бразилскиот фудбалер на Барселона, кој е на позајмица во Баерн Минхен, минатата недела беше на операција на скочниот зглоб и требаше да го очекува пауза од само 14 дена, но поради компликации со повредата, тој можеда биде во аут и над шест недели, пропуштајќи го потенцијалниот крај на Бундеслигата, тврди „Ел мундо депортиво“.
Ова не се добри вести ниту за Барселона, кои очекуваа да ја проценат формата на Бразилецот со амбиции да го продадат во текот на летото, откако Баерн не ја искористи опцијата да го купи за 120 милиони евра.
Повеќе премиерлигаши, помеѓу кои Челси и Њукасл беа заинтересирани за плејмејкерот, а постоеја и шпекулации за можно враќање во Ливерпул.