Top Sport

Кутињо се враќа во Бразил – Три клуба се заинтересирани за него

Фудбалерот на Барселона, Филипе Кутињо, мора да го напушти клубот доколку сака да му се наметне на селекторот Тите за Мундијалот во Катар. Најскапото засилување во историјата на Барселона се поврзува со клубови од Премиер лигата, покрај Арсенал и Евертон се заинтересирани за него.

Бразилските медиуми пак пишуваат дека реално е тој да се врати во татковината. Тука би играл пред очите на селекторот. Фламенго, Атлетико Минеиро и Палмеирас не го кријат интересот за Кутињо.

Филипе Кутињо, во јануари 2018 година од Ливерпул се пресели во Барселона, сезоната 2018/19 ја мина на позајмица во Баерн Минхен и успеа да ја освои титулата во Лигата на шампионите.

Договорот со Барселона му истекува во јуни 2023 година.

Scroll to Top