Top Sport

Кутињо во аут од два до четири месеци

Барселона, синоќа, освои само бод против Еибар (1:1) и на подолг период остана без Филипе Кутињо.

Бразилецот, играше во второто полувреме, а теренот го напушти поради повреда во финишот на мечот.

Шпанските медиуми пренесуваат дека Кутињо има проблем со коленото и дека дополнителните прегледи ќе покажат колку време ќе му треба да ја залечи повредата. Прогнозите се дека ќе паузира два месеци, но доколку повредата треба да се залечи со операција, тогаш Бразилецот го очекува пауза од четири месеци.

Кутињо, сезонава настапил на 14 натпревари, постигнал три гола и забележал две асистенции.

Scroll to Top