Top Sport

„Кутињо во Ливерпул? Тешко“

Барселона го донесе како големо засилување, потроши многу пари за неговиот трансфер, но тој на „Ноу Камп“ не покажа ниту дел од неговиот потенцијал. Фелипе Кутињо, побара да го напушти Ливерпул во периодот кога беше еден од клучните играчи на „црвените“. Осумнаесет месеци подоцна и него му е јасно дека направил голема грешка.

Во јануари 2018 година Јирген Клоп се обиде да го задржи Кутињо, дури и му рекол: „Остани овде ќе бидеше легенда и ќе ти подигнат споменик, таму ќе бидеш само уште еден играч“.

Останатото е познато, Бразилецот не покажа ништо во Барселона, а на телевизија гледаше двете финалиња на Ливерпул во Лигата на шампионите, од кои едно освои.

Деновиве медиуми објавуваат дека е можно Кутињо да се врати на „Енфилд“, бидејќи и нему му било јасно дека за него нема место во тимот откако Барселона го донесе Антоан Гризман.

„Со оглед на тоа каков тим имаат и како го надоградија тимот, трансферот на Кутињо би зависел од тоа што ќе решат во клубот. Дали тие чувствуваат дека за него има место во првиот тим. Мислам дека ваков трансфер нема да има, иако големите трансфери во принцип се тешки за реализација. Доколку сака да се врати во Премиер лигата, би можел да се врати во Ливерпул, но мислам дека тоа во овој момент зависи само од нив“, рекол менаџерот на Кутињо, Киа Јурабчајан.

Тој рекол и дека е невозможен трансфер на Кутињо во Манчестер Јунајтед, бидејќи неговото срце било во Ливерпул.

Scroll to Top