Top Sport

Римска „шпанска серија“: Јунајтед понудиле 80, Лацио барале 100 милиони евра

Првиот човек на Лацио и спортскиот директор на клубот, Клаудио Лотито и Игли Таре немаат намера да дозволат трансфер на Сергеј Милинковиќ-Савиќ кој би бил помал од 100 милиони евра. Од минатата недела медиумите шпекулираат дека Манчестер Јунајтед биле сериозно заинтересирани за репрезентативецот на Србија.

Лацио и Манчестер Јунајтед од евентуален договор за СМС во моментов ги делат околу 20 милиони евра, барем така шпекулираат италијанските медиуми.

„Црвените ѓаволи“ понудиле 80 милиони евра, која во Лацио ја одбиле. Лотито, како преговарач, е „тврд орев“, сака да го добие тоа што го бара. Минатото лето исто така одби неколку понуди за српскиот фудбалер, така што и сега не размислувал да ја разгледа понудата од 80 милиони евра.

СМС од 2015 година е фудбалер на Лацио, кога на „Олимпико“ пристигна од Генк. Минатата сезона тој е прогласен за најдобар играч од редот за врска во Серија А. За Лацио има одиграно 138 натпревари, а договорот му истекува во јуни 2023 година.

Scroll to Top