„Мирор“ во неделата пишува дека сопствениците на Ливерпул решиле во јануари да го продадат Фелипе Кутињо.
Според истиот извор „Фенвеј спортс груп“, сите пари од продажбата на Бразилецот ќе му ги стави на располагање на менаџерот Јирген Клоп за да го засили тимот.
Заминувањето на Фелипе Кутињо беше во летниот преоден рок се претвори во вистинска сапуница. На крајот Ливерпул ги одби сите понуди на Барселона, а каталонскиот клуб од Дортмунд го донесе Осама Дембеле.
„Мирор“ пишува дека Бразилецот ќе замине во Барселона за сума од 130 милиони фунти, а сите пари Клоп ќе ги искористи за нови засилувања.