Ерменскиот ас Хенрик Мхитарјан беше осамен на клупата на Манчестер јунајтед додека неговите колеги се подготвуваа за патувањето во Швајцарија за дуелот од Лигата на шампионите со Базел во средата.
Мхитарјан не успеа да го убеди Жозе Мурињо дека треба да биде во првиот тим на Јунајтед, и последната фотографија од тренингот е навистина индикативна, додека на теренот тренираат Маруан Фелаини, Златан Ибрахимовиќ, Пол Погба и Ромелу Лукаку, сите насмеани.
Шпекулациите велат дека ерменскиот интернационалец се обидува да ја спаси кариерата на „Олд Трафорд“. Останува да се види дали е ова вистина, или се работи само за добар фотографски момент.