Милан потврдија дека го продолжиле договорот на младиот напаѓач Патрик Кутроне до 2023 година.
Обновувањето на договорот на Кутроне не беше тајна, откако и самиот изрази желба да остане кај „росонерите“, и сега при финансискиот извештај за буџетот за сезоната 2017/18 беше потврдено дека тој останува барем уште пет години на „Сан Сиро“.
Според „Калчомеркато“ тој ќе заработува нешто помалку од 1 милион евра по сезона, а во договорот нема предвидено никакви излезни клаузули. 20-годишниот Кутроне почна да добива шанса во првиот тим минатата сезона кога тренер стана Џенаро Гатузо и потсигна 21 голови во 52 настапи за Милан.
Во март оваа година тој исто така дебитираше и во италијанската репрезентација, но во последно време е во аут со повреда на скочниот зглоб.
Фото: ЕПА