Top Sport

На Налбандиан не му доаѓа паметот – пак со спектакуларен рели судир (видео)

Поранешниот финалист од Вимблдон, Давид Налбандиан покрај својата страст кон тенисот никогаш не криел дека е љубител и на брзината, но Аргентинецот малку претерува – повторно беше вклучен во спектакуларно излетување на рели трка.

36-годишниот ветеран учествуваше на Аргентинското рели, и во осмата етапа во Ентре Риос, изгуби контрола на својот Шевролет Оникс и се преврте пред повторно да застане на тркала. Според локалните медиуми, Налбандиан се извлекол од автомобилот без повреди и самиот стигнал до целта откако добил медицинска помош.

Налбандиан се повлече од тенисот во октомври 2013 година, по што целосно се посвети на рели трките, а еднаш настапи и во елитниот Светски шампионат (ВРЦ).

Ова е негов трет ваков инцидент, останатите два можете да ги погледнете на линкот подолу.

Налбандиан пак преживеа страшна несреќа, не е повреден (видео)

Scroll to Top