Top Sport

Кутроне се враќа во Серија А

Италијанскиот напаѓач Патрик Кутроне по само шест месеци ќе ја напушти Премиер лигата и ќе се врати во Серија А, шпекулираат англиските медиуми.

Младиот напаѓач минатото лето од Милан се пресели во Вулверхемптон за сума од 18 милиони евра. За „волците“ досега настапил на 24 натпревари и постигнал три гола.

Бројките покажуваат дека Кутроне не се снајде најдобро во премиер лигата поради што започнал преговори за враќање во Италија.

Интерес за 22 годишниот напаѓач покажале челниците на Фиорентина.

Англичаните не се противат на трансфер, ниту пак ни на позајмица , но само под услов „виолетовите“ по завршувањето на сезоната да го откупат неговиот договор за 20 милиони евра.

Кутроне ја прифатил понудата и сега чека клубовите да се договорат.

Scroll to Top