Top Sport

(Видео) Кваљарела во солзи се прости од навивачите на „Мараси“

Фабио Квањарела, напаѓачот на Сампдорија, против Сасуоло (2:2), го одигра последниот натпревар во кариерата пред домашната публика.

Вечер полна со емотивен набој во Џенова, поради навивачката поворка која тргна од клупските простории кон стадионот и скандираше против сопственикот на клубот Масимо Фереро, поради последниот натпревар на тимот на „Мараси“ за оваа сезона, последен во Серија А затоа што клубот се сели во понизок ранг и дефинитивно најмногу поради солзите на Фабио Кваљарело.

Легендарниот напаѓач, 40. годишниот поранешен репрезентативец на Италија го одигра последниот меч за клубот, а претпоследен во кариерата. Од фудбалот ќе се збогува во последното коло во Неапол.

Кваљарела не можеше да се контролира во 88. минута кога тренерот Дејан Станковиќ го повлече од теренот. Солзите не можеше да ги задржи.

Соиграчите еден по еден му приоѓаа на неутешниот „Кваљагол“…На крајот Фабио падна во прегратките на Дејан Станковиќ.

Кваљарела последниот меч во кариерата ќе го одигра во Неапол, против Наполи чии дрес го носеше во еден период од својата импресивна кариера.

Fabio Quagliarella emotional substitution
by u/MERTENS_GOAT in soccer

Scroll to Top